Македонската фудбалска репрезентација на 26 март ќе се соочи со Данска на стадионот „Паркен“ во Копенхаген во решавачки плеј-оф за Светското првенство 2026.
Фудбалската федерација на Данска за македонските навивачи обезбеди 1.750 билети по цена од 3.650 денари, како и дополнителни шест билети за лица со инвалидска количка.
Навивачите можат да ги купат билетите директно преку официјалната веб-платформа на ФФМ на следниот линк: https://eticket.ffm.mk.
Ова е уникатна можност македонската репрезентација да добие поддршка од трибините и да се бори за место на Светското првенство пред македонските фанови во Данска.















