ПРВ.мк

Пред натпреварот со Реал Мадрид, Барселона ги доби најлошите вести

Пред натпреварот со Реал Мадрид, Барселона ги доби најлошите вести
Jumbo Banner

Барса ослабена пред финалето: Левандовски и Балде отпаднаа поради повреди, се враќа Тер Штеген

Фудбалерите на Барселона Роберт Левандовски и Алехандро Балде ќе го пропуштат утрешното финале на Кралскиот куп против Реал Мадрид поради повреди, соопшти денеска клубот од Каталонија.

Освен тие, за финалето во Севилја (почеток во 22 часот) нема да конкурираат ниту Марк Бернал и Марк Касадо, кои сè уште се во фаза на рехабилитација.

Добра вест за Барса е враќањето на првиот голман Марк-Андре тер Штеген, кој беше надвор од терените повеќе од седум месеци поради повреда.

Тренерот Ханси Флик го објави списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за големото финале, а на него се наоѓаат:

Марк-Андре тер Штеген, Војчех Шчесни, Ињаки Пења, Пау Кубарси, Роналд Араухо, Ињаки Мартинез, Гави, Феран Торес, Педри, Ансу Фати, Рафиња, Пабло Торe, Андреас Кристенсен, Фермин Лопез, Пау Виктор, Ламин Јамал, Дани Олмо, Френки де Јонг, Жил Кунде, Ерик Гарсија, Ектор Форт и Жерард Мартин.

Финалето на Купот на Кралот ќе се игра утре вечер во Севилја, каде што Барселона и Реал Мадрид ќе се борат за трофејот во едно од најочекуваните изданија на „Ел Класико“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран