Строг протокол на облекување за погребот на папата Франц: Бисери, црни вратоврски и симболика на боите
За верниците и светските лидери кои денес присуствуваат на погребот на папата Франц, важи прецизен дрес-код што мора строго да се почитува.
За мажите, протоколот наложува темно одело со долга црна вратоврска и црно копче на левиот ревер, додека белата кошула е дозволена. Белата боја, сепак, е строго забранета за жените.
Жените се должни да носат долга црна облека – најчесто фустан – во комбинација со црни ракавици и црн вел преку главата. Единствено, дозволениот накит се бисерите, кои според традицијата симболизираат скромност и почит.
Кога станува збор за високото свештенство, кардиналите ќе бидат облечени во виолетова хорска облека, додека бискупите и другите прелати ќе носат виолетова боја – симбол на жалост и духовно размислување. Самата погребна облека на папата Франц ќе биде во црвено, боја која во христијанската симболика претставува крвта на мачениците и присуството на Светиот Дух.
Само една жена смееше да го прекрши протколот: Која е бабата која стоеше покрај ковчегот на папата?
Погребот на папата ќе се одржи денес во една од петте таканаречени „папски базилики“ – базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Телото на поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде пренесено од базиликата Свети Петар.
До овој момент, своето присуство го потврдиле најмалку 130 странски делегации, додека за медиумското покривање на настанот се акредитирани околу 2.700 новинари од целиот свет.