САД наводно развиле технологии кои манипулираат со простор и време: Изјава од Белата куќа предизвикува недоверба и дебата
Директорот на Канцеларијата за наука и технологија при Белата куќа, Мајкл Крациос, неодамна изјави дека САД поседуваат напредни технологии што, според него, имаат капацитет да манипулираат со просторот и времето. Изјавата, објавена на официјалната веб-страница на Белата куќа, ги изненади и подели научните и политичките кругови – особено поради отсуство на било каква техничка поддршка или докази.
„Нашите современи технологии ги бришат границите на оддалеченост, го забрзуваат растот на растенијата и радикално ја зголемуваат ефикасноста“, изјави Крациос. Иако не навлезе во детали, ваквата формулација остави простор за интерпретации дека станува збор за системи кои ги надминуваат познатите физички ограничувања.
Изјавата доаѓа во време на интензивна глобална трка во развојот на вештачка интелигенција, квантни технологии и експериментални научни проекти – што само ја зголеми внимателноста и реакциите и на поддржувачите и на скептиците.
Покрај ова, Крациос призна дека и покрај потенцијалот, САД во моментов се соочуваат со стагнација – поради прекумерна регулација и бирократски бариери. „Време е нацијата повторно да се раздвижи“, изјави тој, нагласувајќи ја потребата од враќање на водечката позиција во глобалниот технолошки пејзаж.
Северна Кореја го претстави новиот воен брод: Лидерот Ким Џонг Ун со посебна порака
Сепак, без конкретни информации, изјавата за „просторно-временски технологии“ останува во доменот на шпекулација. Многумина потсетуваат на досегашни проекти како оние на Пентагон поврзани со манипулација на електромагнетни полиња, квантна телепортација на информации, како и иницијативите на DARPA за промена на перцепцијата на времето. Но, ниту еден од овие концепти не е официјално потврден како практично применлив.
Наука или сигнал до светот?
Некои аналитичари во изјавата не гледаат научен новитет, туку порака – и внатрешнополитичка и надворешнодипломатска. Во време кога Кина и други технолошки сили интензивно вложуваат во експериментални истражувања, оваа порака можеби има за цел да покаже доминација и да врати доверба во иновациските капацитети на САД.
Додека науката се обидува да го оддели реалното од хипотетичкото, останува прашањето: дали станува збор за револуционерен чекор, политичка реторика или уште една итерација на модерниот технолошки мит?
Како што често велиме – времето ќе покаже.