Францускиот претседател Емануел Макрон денес по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим објави дека Украина е подготвена за безусловно примирје.
Во објава на мрежата X, тој рече дека завршувањето на војната во Украина е цел што ја делат со американскиот претседател Доналд Трамп и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за да постигне примирје.
Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир.“ Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на коалицијата на добронамерните, започната во Париз минатиот март, со цел да се постигне ова примирје и целосен и траен мир во Украина“, рече Макрон.
Зеленски се сретна и со Трамп и британскиот премиер Кир Стармер, кој присуствуваше на погребот на папата Франциск во Рим, а Елисејската палата објави дека состаноците поминале добро.