ПРВ.мк

Барселона по драматично финале го освои Кралскиот куп по 32. пат

Барселона по драматично финале го освои Кралскиот куп по 32. пат
Jumbo Banner

Барселона е новиот освојувач на Купот на Кралот, откако во финалето одиграно вечерва во Севиља, ја совлада екипата на Реал Мадрид со 3-2 по продолженија, во натпревар полн со пресврти и спорни моменти.

Каталонците отворија силно и поведоа преку Педри со прекрасен удар во првото полувреме. Но, влезот на Мбапе во вториот дел донесе пресврт – прво самиот израмни од слободен удар, а потоа Чуамени донесе водство за Реал.

Кога се чинеше дека трофејот патува за Мадрид, Феран Торес искористи грешка на Ридигер и Куртоа и израмни на 2-2 шест минути пред крајот. Во завршницата следеше спорен момент – судијата досуди пенал за Барселона по фаул на Асенсио над Рафиња, но по преглед на ВАР снимката ја промени одлуката. Слични ситуации се случија уште трипати во корист на Барса, но без реакција од арбитерот.

Клучниот момент се случи во 116. минута кога Модриќ и Брахим Дијаз не се разбраа, а Кунде ja украде топката и со фантастичен удар од 20 метри го матираше Куртоа.

Барселона дојде до заслужена победа, иако судиските одлуки и недосудените пенали повторно отворија прашања. Победата сепак делува како исправка на една голема неправда.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран