ПРВ.мк

Дали најголемата ѕвезда на Барселона го напушта клубот? Конечно се огласи Рафиња

Дали најголемата ѕвезда на Барселона го напушта клубот? Конечно се огласи Рафиња
Jumbo Banner

Рафиња искрено пред финалето: „200 милиони? Секој би размислил!“

Во пресрет на големото финале во Копа дел Реј против Реал Мадрид, капитенот на Барселона, Рафиња, без влакна на јазикот зборуваше за вртоглавата понуда од Саудиска Арабија. Бразилецот ја отвори душата за TNT Sports Brasil, признавајќи дека ретко кој би останал рамнодушен на бројката од 200 милиони евра.

„Вчера ме информираа за таа понуда. Искрено, бев шокиран – сумите се луди. Ако ми беше дадена ваква шанса минатото лето, кога бев ментално истрошен и изгубен, сигурно ќе ја прифатев. Тоа се пари што го менуваат животот – не само мојот, туку и на моето семејство,“ изјави Рафиња.

Тој искрено додаде:

„Секој што ќе каже дека не би размислил – лаже. Ваква понуда не се игнорира. Невозможно е да не застанеш и да се запрашаш што понатаму.“

Но, и покрај искушението, Рафиња денес размислува поинаку:

„Сега не се водам по парите. Тие се во втор план. Фокусот ми е на моите соништа – на Барселона, на фудбалот и на трофеите.“

Формата на Бразилецот оваа сезона е извонредна, а многумина веќе го гледаат меѓу најсериозните кандидати за Златната топка. Вечерашниот натпревар против Реал Мадрид може да биде уште еден чекор кон тој сон.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран