Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека имал „многу позитивен“ разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот и дека таканаречената „Коалиција на волните“ под Франција и Велика Британија ќе продолжи да работи на постигнување на траен мир.
„Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот. Претседателот Зеленски ми го повтори ова денеска. Тој сака да соработува со Американците и Европејците за неговото спроведување. Сега останува на претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на Коалицијата на волните создаден во март во Париз, со цел да се постигне и прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, напиша Макрон.