ПРВ.мк

ФФМ го суспендира ОФС Охрид: Фиктивни записници со починато лице, лажна лига и судии

ФФМ го суспендира ОФС Охрид: Фиктивни записници со починато лице, лажна лига и судии
Jumbo Banner

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија.

УО на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, едногласно одлучи да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид).

Главните причини за донесената одлука се:

– Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари (фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, а се заведени како одиграни со конкретни резултати);

– Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите;

– Судии имаат писмени изјави дека истите биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе;

– Комлетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена;

Со ваквите дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. ФФМ ќе поднесе дисциплинска пријава против претседателот и секретарот на ОФС Охрид до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за преземање дополнителни мерки, согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот на ФФМ.

Од ФФМ истакнаа дека остануваат цврсто посветени на правилно и транспарентно функционирање на фудбалските структури и нема да толерираат никакви обиди за злоупотреба.

gol.mk

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран