ПРВ.мк

Само еден збор: Вака изгледа надгробниот споменик на папата Франциск, има посебна симболика [ФОТО]

Само еден збор: Вака изгледа надгробниот споменик на папата Франциск, има посебна симболика [ФОТО]
Jumbo Banner

Светот се простува со папата Франциск

Рим – Папата Франциск ќе биде погребан денес во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, една од петте големи папски базилики, каде ќе биде пренесено неговото тело од базиликата Свети Петар. Ова ќе биде последно збогување со поглаварот на Римокатоличката црква.

Поворката, составена од верници, свештени лица, како и шефови на држави, ќе се собере денес во 10 часот на Плоштадот Свети Петар. Таму ќе се одржи и миса за покој на душата на папата Франциск.

Од Ватикан информираат дека во првите редови ќе бидат поставени високи претставници од Аргентина, татковината на папата, и од Италија, додека останатите светски лидери ќе бидат распоредени според францускиот азбучен ред.

Надгробна плоча со едноставна порака: „Franciscus“

На социјалните мрежи беше објавена фотографија од внатрешноста на базиликата Санта Марија Маџоре, каде што веќе е подготвен гробот на папата.

Надгробниот споменик е изработен од бел мермер од Лигурија – родниот крај на неговите баба и дедо. На плочата стои испишано само едно име: „Franciscus“ – во духот на неговата скромност и посветеност на верата.

Гробот е сместен во близина на олтарот на свети Франциско Асишки, чиј пат го следеше и самиот папа.

Откриено каде ги дал последните пари: Папата направил огромно хумано дело пред својата смрт

Приватна церемонија и молитва во чест на папата

Погребот на папата ќе биде приватен обред, без присуство на пошироката јавност. Вчера, во 20 часот, ковчегот беше запечатен за време на литургиски обред во базиликата Свети Петар. Со тоа официјално ќе заврши јавната изложба на неговото тело.

Вчера, во 21 часот, литванскиот кардинал Роландас Макрицкас ја предводеше и традиционалната молитва за време на болка, жалост и смрт пред базиликата каде ќе почива папата.

Девет дена молитви и нова конклава

По погребот, ќе следуваат девет дена жалост, за време на кои ќе се одржуваат мисии и молитви во негова чест. По завршувањето на тој период, Ватикан ќе свика конклава на која ќе биде избран нов поглавар на Римокатоличката црква.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран