ПРВ.мк

Само една жена смееше да го прекрши протколот: Која е бабата која стоеше покрај ковчегот на папата?

Само една жена смееше да го прекрши протколот: Која е бабата која стоеше покрај ковчегот на папата?
Jumbo Banner

Емотивна сцена на плоштадот Свети Петар: Часната сестра Жанингро се прости од својот пријател, папата Франциск

Чесната сестра Женевјев Жанингро, блиска пријателка на покојниот папа Франциск, го трогна целиот свет со својот искрен и длабоко емотивен проштален момент на плоштадот Свети Петар. Оваа француско-аргентинска монахиња, членка на редот „Малите сестри на Исус“, важи за личност која со децении беше во блиска релација со папата, кого го сметала за свој пријател.

Во петокот, таа уште еднаш се појави пред ковчегот со телото на папата Франциск, пред неговото затворање и официјалната церемонија на погребот. И покрај тоа што има 81 година, нејзината посветеност и љубов кон човекот што го познаваше над 40 години не познаваат бариери.

Жанингро добила посебно дозвола да му оддаде почит на папата во дел од базиликата Свети Петар кој инаку е резервиран исклучиво за високото свештенство – кардинали, бискупи и свештеници. Нејзиното тивко, но длабоко лично простување – додека стои покрај отворениот ковчег, брише солзи и ги држи рацете на лицето – беше снимено и споделено низ целиот свет. Никој од обезбедувањето не го прекина тој момент на тишина и почит.

Сите гледаа во Зеленски на погребот на папата: Протколот вели едно, Зеленски прави друго [ФОТО]

Нивното пријателство не било само формално. Папата Франциск, кој последен пат се сретнал со неа во јули во Остиа, нежно ја нарекувал „l’enfant terrible“ – „непослушно дете“, со што ја опишувал нејзината страст и упорност во служењето на најмаргинализираните. Женевјев е позната по повеќе од 56 години посветен живот во служба на најслабите – транс жени, бездомници, патувачки работници и луѓе на маргините на општеството.

Таа живее скромно, во камп-приколка, заедно со уште една чесна сестра – Ана Амелија Ѓачето. Нивниот начин на живот и нивната мисија се вистинско отелотворување на вредностите што папата Франциск ги промовираше во текот на својата 12-годишна понтификатска служба: сочувство, едноставност и отворено срце кон сите.

Инаку, петокот беше последниот ден кога верниците можеа лично да оддадат почит на покојниот папа. Повеќе од 250.000 луѓе до тој момент поминаа покрај ковчегот во базиликата Свети Петар, со редици што се протегаа низ главните улици на Ватикан. Верниците трпеливо чекаа со часови – во тишина, молитва и длабоко размислување.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран