ПРВ.мк

Рецепт за долг живот: Оваа супер намирница го намалува холестеролот и го зајакнува срцето – консумирајте ја што почесто

Рецепт за долг живот: Оваа супер намирница го намалува холестеролот и го зајакнува срцето – консумирајте ја што почесто
Jumbo Banner

Тајната на долговечноста можеби лежи во – виолетовиот сладок компир

Познатиот експерт за долговечност Дан Бутнер открива дека едно наизглед обично растение би можело да биде клучот за долг и здрав живот – па дури и за доживување на 100. роденден. Станува збор за виолетовиот сладок компир, познат и како виолетов батат, кој игра централна улога во исхраната на жителите на Окинава – едно од петте светски подрачја познати како „сини зони“, каде луѓето живеат значително подолго од глобалниот просек.

Моќен сојузник против стареење

„Сакате да живеете подолго? Јадете повеќе слатки компири,“ советува Бутнер. Според него, повеќе од 60% од дневниот внес на калории на жителите на Окинава потекнува токму од оваа намирница. Слаткиот компир е богат со сложени јаглехидрати кои обезбедуваат стабилна енергија, растителни влакна што придонесуваат за здравјето на дигестивниот систем и – можеби најважно – антиоксиданси што помагаат во борбата против воспаленија.

Она што го издвојува виолетовиот сладок компир од другите намирници е неговата висока содржина на антоцијанини – природни пигменти кои му ја даваат карактеристичната боја и имаат силно антиоксидантно дејство. Овие соединенија се поврзани со подобро здравје на срцето, подобрен вид, и дури можат да помогнат во управување со дијабетес.

Ги уништува бубрезите, а Македонците го пијат секојдневно: Овој пијалок е кошмар за вашето здравје

Природен начин за намалување на лошиот холестерол

Истражувањата на официјалната страница на Blue Zones покажуваат дека антоцијанините не само што ги намалуваат воспалителните процеси во организмот, туку и можат да помогнат во регулирањето на нивото на LDL, т.н. „лош“ холестерол. За разлика од преработената храна, виолетовиот сладок компир не предизвикува натрупување на холестерол и претставува одличен избор за сите кои сакаат да го одржат срцето здраво.

Овој коренест плод може да се подготви на повеќе начини – најздраво е кога се вари на пареа, како прилог со месо или риба, но може да се искористи и во супи, пире или печени јадења.

Сè е до животниот стил

Иако генетиката игра улога во нивото на холестерол, Британската национална здравствена служба предупредува дека лошите животни навики – како консумирање масна храна, недостаток на физичка активност, прекумерна тежина, пушење и алкохол – значително го зголемуваат ризикот од срцеви болести.

Заклучокот е едноставен – ако сакате да ја зголемите шансата за подолг, поздрав живот, можеби е време да го внесете виолетовиот сладок компир во вашата секојдневна исхрана.

Препознајте ги тивките знаци на висок холестерол на вашето тело: Обрнете внимание на овие симптоми

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран