Ова освежување може да ви ги оштети бубрезите – што треба да знаете пред да го испиете
Кога посегнуваме по омилениот пијалок за време на летните горештини или на забава, ретко размислуваме за тоа како тој влијае на нашето здравје – особено на бубрезите. Но, токму некои од најчесто консумираните пијалаци може сериозно да ги загрозат овие витални органи.
Истражувања од 2015 година укажуваат дека токму газираните пијалаци претставуваат ризик. Иако одамна е познато дека овие пијалаци не се најздрава опција, новите податоци откриваат дека редовната консумација – особено повеќе од четири засладени газирани пијалаци неделно – може да го зголеми ризикот од хронични бубрежни заболувања.
Главната причина лежи во високиот процент на шеќер, кој влијае на зголемување на нивото на шеќер во крвта, а тоа со тек на време може да ги оштети крвните садови во бубрезите и да придонесе за развој на дијабетес.
Особено внимателни треба да бидат лицата кои веќе страдаат од дијабетес или хронична бубрежна болест, како и оние кои имаат вакви болести во семејната историја.
Но, шеќерот не е единствениот проблем. Газирани пијалаци често содржат и фосфорна киселина, состојка која со редовна употреба може да влијае на функционирањето на уринарниот систем, да предизвика нарушувања во мокрењето и дури да доведе до создавање бубрежни камења.
Доколку не можете целосно да се откажете од овие пијалаци, размислете барем за нивно ограничување.
А што е најдобро за бубрезите? Одговорот е едноставен – обична вода. Таа не само што е најздравата опција, туку и најприродно го хидрира телото и ги штити бубрезите на долг рок.