ПРВ.мк

Препознајте ги тивките знаци на висок холестерол на вашето тело: Обрнете внимание на овие симптоми

Препознајте ги тивките знаци на висок холестерол на вашето тело: Обрнете внимание на овие симптоми
Jumbo Banner

Високиот холестерол – „тивок убиец“ што остава траги на телото

Иако најчесто поминува незабележано, високиот холестерол тивко го зголемува ризикот од сериозни здравствени проблеми. Бидејќи не предизвикува очигледни симптоми, честопати се нарекува и „тивок убиец“. Единствениот сигурен начин да се открие е преку анализа на крвта, но телото понекогаш сепак испраќа суптилни сигнали дека нешто не е во ред.

Некои од тие знаци може да се појават на лицето. Ксантелазмите – жолтеникави наслаги околу внатрешниот агол на очите – не се само козметички проблем. Тие може да укажуваат на висок холестерол, но и на други состојби како дијабетес, зголемен крвен притисок, дебелина и последици од пушење. Друг можен сигнал е бел прстен околу рожницата – дискретен, но значаен индикатор за покачени масти во крвта.

Интересно е што дури и рацете можат да го покажат истиот проблем – преку појава на мали грутки на зглобовите, кои имаат боја слична на кожата и може лесно да се игнорираат.

Не поминуваат ни нозете без последици. Високиот холестерол може да доведе до периферна артериска болест – состојба која се манифестира со болки при одење, опаѓање на влакната на нозете, вкочанетост, чиреви што не зараснуваат, промени во бојата на кожата и намалена мускулна маса.

Ако препознаеш нешто од ова кај себе, најдобро е да не одложуваш – консултација со лекар е задолжителна. Најчесто, со мали, но клучни промени во животниот стил, можеш многу да направиш: избегнување масна храна, избалансирана исхрана, редовна физичка активност, откажување од пушење и сведување на алкохолот на минимум.

Телото ретко лаже – треба само да го слушаме повнимателно.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран