Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по неколку дена без коментар, упати кратко сочувство по повод смртта на папата Франциск.
„Државата Израел изразува најдлабоко сочувство на Католичката црква и католичката заедница низ целиот свет по повод смртта на папата Франциск. Нека почива во мир“, напиша Нетанјаху на платформата X, јавува Times of Israel.
Претседателот на Израел, Исак Херцог, изрази сочувство на социјалните мрежи неколку часа по смртта на папата, која се случи во понеделник. Меѓутоа, Министерството за надворешни работи на Израел кратко објави, а потоа ја избриша својата објава без објаснување.
„Почивај во мир, папа Франциск. Нека биде благословено неговото сеќавање“, стоеше во пораката што беше објавена.