ПРВ.мк

Одлични вести за навивачите на Реал Мадрид пред утрешниот натпревар со Барселона

Одлични вести за навивачите на Реал Мадрид пред утрешниот натпревар со Барселона
Jumbo Banner

Ферлан Менди се враќа за „Ел Класико“ – Анчелоти пред важни тактички одлуки

По пауза од 45 дена, левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, се врати во тимот токму пред големото финале на Купот против Барселона. Францускиот дефанзивец веќе тренира со полн интензитет и е целосно подготвен за настап.

Менди важи за еден од најнезгодните противници, дури и според зборовите на Ламин Јамал, кој неодамна изјави дека токму тој му бил најтешкиот чувар досега. Да не беше повредата, Менди сигурно ќе беше прва опција за спротивставување на Јамал, но со оглед на долгата пауза, Карло Анчелоти би можел да се одлучи за Фран Гарсија од првата минута – бек кој е поофанзивен, но дефанзивно далеку послаб од Менди.

Анчелоти, исто така, размислува за формациско решение. Сè уште не е одлучено дали да се оди со класичната 4-3-3 со Родриго во офанзивното трио заедно со Винициус и Мбапе, или пак да се засили средниот ред со 4-4-2, каде што Модриќ би стартувал, а нападот би бил минимално жртвуван за поголема контрола на средината.

Одлуките кои ќе ги донесе Анчелоти ќе имаат голема тежина во овој високонапонски натпревар, каде секој детаљ може да биде пресуден.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран