ПРВ.мк

[ВИДЕО] Хаос на крајот од натпреварот: Ѕвездата на Реал го гаѓаше судијата со мраз, па сакаше физички да се пресмета

[ВИДЕО] Хаос на крајот од натпреварот: Ѕвездата на Реал го гаѓаше судијата со мраз, па сакаше физички да се пресмета
Vero

Барселона триумфираше во Купот на Шпанија – Кунде херојот, Рудигер исклучен по инцидент

Барселона е новиот освојувач на трофејот во Купот на Шпанија, откако по 120 минути драматична игра славеше над вечниот ривал Реал Мадрид со 3:2. Одлучувачкиот момент се случи во 116. минута, кога Жил Кунде постигна гол и ѝ донесе победа на Барса.

Финалето не мина без тензии – во самиот финиш, Антонио Рудигер, кој беше на клупата, доби директен црвен картон поради фрлање мраз кон главниот судија Де Бургос. Инцидентот предизвика дополнителен хаос, при што неколку членови од клупата на Реал мораа да го задржат Рудигер за да спречат физичка пресметка со арбитарот.

Погледнете го видеото:

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран