ПРВ.мк
Спорт

Поскапо е пивото отколку билетот - еве колку чини еден билет за полуфиналето во светското клубско првенство

Поскапо е пивото отколку билетот - еве колку чини еден билет за полуфиналето во светското клубско првенство
Escape

Навивачите кои сакаат да гледаат елитен фудбал не мора да платат богатство – барем не во САД. Билет за полуфинален натпревар од Светското клупско првенство во САД чини само 13 долари, додека чашата пиво на стадионите достигнува цена од 15 долари.

Фановите се изненадени: како е можно билет за спектакл со најдобрите клубови во светот да биде поевтин од едно пиво? Според многумина, ова покажува дека интересот за фудбалот во САД сè уште не е на европско или јужноамериканско ниво.

Организаторите веруваат дека ниските цени ќе привлечат повеќе публика и ќе го зголемат интересот за натпреварувањето, особено кога играат клубови од други континенти. Но, некои коментираат дека ваквата несразмерност во цените е уште еден доказ дека спортот и маркетингот одамна живеат во паралелни светови.

Mia Home Mavrovo