ПРВ.мк

Омерагиќ: Душмански се трошени парите за нефудбалски работи

Омерагиќ: Душмански се трошени парите за нефудбалски работи
Jumbo Banner

Во своето гостување на Daily Click, претседателот беше распрашан за финансиското раководење на ФФМ од неговите претходници.

„Од реалното работење, федерацијата во последните две години има милион евра повеќе потрошено отколку што има приходувано. Душмански се трошени парите, трошени се за нефудбалски работи. Ние немаме намера да работиме така, ќе работиме транспарентно. Работиме на носење на спонзори, веќе имаме три одлични спонзори. Во наредните две недели ќе потпишеме договор со Hilton DoubleTree, г-динот Ајдован Ајдемовски, кој ќе биде партнер на фудбалската репрезентација на Македонија“ изјави новиот претседател на ФФМ.

„Многу брзо очекуваме потпис и со Арена ТВ, која што ќе дојде во Македонија и ќе отвори канал за пренос на македонски јазик и ќе ги пренесуваат нашите натпревари, и тоа не само фудбалското првенство, туку и другите наши лиги во Македонија, што знаци промоција на целиот фудбал во Македонија“ дополни Омерагиќ, потенцирајќи го едно од клучните прашања за промоција на македонскиот фудбал – тв преносот на натпреварите.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран