Мануел Нојер, легендарниот голман на Баерн Минхен, најверојатно ќе ја продолжи соработката со германскиот гигант. Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, неговиот агент веќе имал првични разговори со клубот околу нов договор.
Баерн, наводно, му нуди продолжување до 2027 година, што би значело дека Нојер ќе остане дел од тимот и по својата 40-та година. Иако договорот сè уште не е официјално потврден, голманот смета дека потписот е само прашање на време.
Во исто време, се очекува Баерн постепено да му дава поголема минутажа на Јонас Урбиг, кој треба да добие поважна улога следната сезона. Сепак, Нојер и понатаму останува едно од најголемите имиња во клубот и симбол на стабилноста на голманската позиција.








