ПРВ.мк

Нашата репрезентација е пример за Македонија, нема поделба по етнички клуч – истакна Омерагиќ, новиот претседател на ФФМ

Нашата репрезентација е пример за Македонија, нема поделба по етнички клуч – истакна Омерагиќ, новиот претседател на ФФМ
Jumbo Banner

Масар Омерагиќ, новиот преседател на ФФМ, гостуваше на Daily Click на ТВ 21 и обелодени многу теми поврзани со состојбата во ФФМ. Беше запрашан за состојбата во соблекувалната, македонските лиги, мапирањето на младите таленти, како и неодамнешниот избор на Леонид Јандреоски како генерален секретар на ФФМ, што дел од албанските портали го потенцираа, повикувајќи се дека нема Албанец на раководните места во федерацијата.
„За мене додека сум претседател во фудбалот, нема да има поделби на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми итн. За мене ќе има добри и лоши луѓе, добри и лоши фудбалски работници. Поделба по етнички клуч во фудбалот нема да има“ – цврсто истакна новиот претседател на ФФМ зачуден од истите критики, запрашан за како ги коментира перцепциите насочени кон ФФМ дека врвот на македонската федерација остана без Албанец.
„Уште кога го назначив Дрилон Ганиу за в.д. генерален секретар, убаво беше кажано дека е в.д. генерален секретар. Г-динот Ганиу тоа го знаеше и бевме договорени дека до изборното собрание ќе ја извршува функцијата в.д. генерален секретар и тоа не беше поради етничката припадност ниту на Ганиу, ниту на Леонид Јандреоски.“ дополни Омерагиќ, објаснувајќи ја настаната ситуација со неодамна избраниот генерален секретар на ФФМ која предизвикала одредени реакции кај дел од албанските портали во Македонија.
Во однос на порталите тој истакна дека:
„Тие портали не се ништо поголеми Албанци од мене, ниту поголеми Македонци од мене. Таа нивна реторика нека ја задржат за нивните дворчиња каде што се движат во фудбалот. Такво нешто не постои, нашата фудбалска репрезентација е пример за тоа што е Македонија во која играат скоро сите етникуми.“

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран