ПРВ.мк
Спорт

Ќе ве изненади сумата: Реал Мадрид плаќа оштета за отказот на Чаби Алонсо

Ќе ве изненади сумата: Реал Мадрид плаќа оштета за отказот на Чаби Алонсо
Kristal

Реал Мадрид официјално потврди дека Чаби Алонсо повеќе не е тренер на „кралскиот клуб“. Соработката е прекината по заеднички договор, само еден ден по болниот пораз од Барселона (3:2) во финалето на шпанскиот Суперкуп. На негово место, клупата ќе ја преземе поранешниот дефанзивец на Реал, Алваро Арбелоа.

Разделбата, сепак, нема да биде нималку евтина за мадридскиот гигант. Алонсо имаше договор со висока годишна плата, која се движела меѓу 8 и 9 милиони евра. Според шпанските медиуми, Реал ќе мора да му исплати околу 15 милиони евра отштета за предвремениот раскин на договорот. Оваа сума доаѓа само неколку месеци откако клубот веќе издвоил уште толку пари за да го доведе Алонсо од Баер Леверкузен.

Финалето од Суперкупот се покажало како клучен момент за неговата судбина. Натпреварот против Барселона бил третиран како последна шанса Алонсо да ја стабилизира својата позиција. Иако Реал претходно го елиминира Атлетико Мадрид, поразот во финалето ја нарушил довербата на управата, по што брзо следела одлуката за прекин на соработката.

Чаби Алонсо го водеше Реал на вкупно 34 натпревари, остварувајќи 24 победи, четири нерешени средби и шест порази – учинок кој, и покрај бројките, не бил доволен за да го задржи на клупата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo