ПРВ.мк
Свет

Иран најавува можен пресврт во односите со САД - еве ги деталите

Иран најавува можен пресврт во односите со САД - еве ги деталите
Kristal

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Иран е подготвен да седне на маса за нуклеарни разговори со САД, но само ако тоа се случи без закани и диктати. Тој додаде дека Иран ќе разгледа какви било сериозни и фер предлози од Вашингтон.

Во исто време, Аракчи потенцираше дека Иран е подготвен и за воена опција, доколку САД сакаат да ја испробаат, и дека земјата има голема и сеопфатна воена подготвеност. Тој нагласи дека сите предложени идеи и закани од САД моментално се проучуваат, но дека многу од нив се некомпатибилни со интересите на Иран.

„Не веруваме дека Вашингтон е подготвен за фер и праведни преговори, а кога ќе биде подготвен, сериозно ќе го разгледаме прашањето“, изјави Аракчи за Ал Џезира.

„Ако Вашингтон сака да ја тестира воената опција што веќе ја тестираше, ние сме подготвени за тоа. Имаме голема и сеопфатна воена подготвеност во споредба со она што го имавме за време на последната војна. Подготвени сме за сите опции и се надеваме дека Вашингтон ќе ја избере мудрата опција“, рече Аракчи. Аракчи додаде дека Иран ги „проучува“ на предлозите испратени од Соединетите Американски Држави.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo