ПРВ.мк
Балкан

БАЛКАНЕЦ ПРЕЖИВЕАЛ ХОРОР: Намамен за работа, па присилен да даде бубрег!

БАЛКАНЕЦ ПРЕЖИВЕАЛ ХОРОР: Намамен за работа, па присилен да даде бубрег!
Kristal

Германската и романската полиција работат на расчистување на брутален и бизарен случај на трговија со органи, во кој маж од Балканот бил жртва на криминален клан од Темишвар.

Според истрагата, жртвата била намамена во Германија со ветување за добро платена работа, но наместо тоа завршила во заробеништво кај кланот. Документите му биле одземени, а врз него бил вршен постојан терор за да се согласи на трансплантација.

Водачот на кланот, кој со години живее во Германија и страда од сериозна болест, заедно со соработниците го избрал „идеалниот донатор“. За операцијата да се изврши во болница во Минхен, жртвата била принудена да потпише лажни документи и да тврди дека е брат на водачот на кланот.

„Тие се заканиле дека ќе ги убијат неговите родители ако не се согласи. Во јуни 2022 година, операцијата била извршена, а бубрегот бил трансплантиран на водачот на кланот“, соопштија властите.

Германските истражители велат дека главните осомничени, вклучувајќи го шефот на кланот и неговата сопруга, се наоѓаат во бегство во Романија. Претресот на нивната луксузна вила во Темишвар не открил никого, по што била распишана меѓународна потерница. Додека соседите тврдат дека се невини, доказите од германската болница укажуваат на спротивното.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo