Во Черновци, форензичарите преживеале вистинска драма откако при рутинска обдукција на тело на војник, вратен преку размена со Русија, откриле активна експлозивна направа.
Според „Украинска правда“, обдукцијата веднаш била прекината, а целиот персонал евакуиран кога форензичарот пронашол неексплодирана граната заглавена во бутот на починатиот.
„Гранатата поминала низ абдоминалната празнина и застанала под кожата на десната бутина“, објаснува Виктор Бачински, раководител на форензичките истражувања. Експерти за деминирање итно интервенирале за да го извлечат и безбедно уништат експлозивот.
Овој инцидент се случил по последната голема репатријација на 26 февруари, кога во Украина беа вратени телата на илјада загинати војници, што ја истакнува опасноста и ризиците со кои се соочуваат украинските форензички тимови.


















