ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Уште еден тинејџер уапсен за терористички закани – се заканувал дека ќе убива!

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Уште еден тинејџер уапсен за терористички закани – се заканувал дека ќе убива!
Kristal

Полицијата привела 18-годишник кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово. Приведувањето на М.Р. (18) од Палатица следувало по пријави од повеќе професори од училиштето.

„Веднаш се преземени соодветни мерки од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба извршен е претрес во село Палатица, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р. (18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата.

Овој случај доаѓа само еден месец по апсењето на друго момче од тетовското село Мала Речица, кое преку стрим на социјална мрежа се заканувало со масовно убиство, а полицијата таму открила цел арсенал оружје. Полицијата за овој случај добила дојава и од американското Биро за федерални истраги (ФБИ).

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape