Вчера, околу 10:15 часот, на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во атарот на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (27) од село Батинци, и патничко возило „Форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.М. (49) од Кавадарци.
Во несреќата, Д.М. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница – Кавадарци, каде ѝ била констатирана состојбата.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидната екипа на ОВР – Кавадарци.


















