ПРВ.мк
Магазин

Проблеми со онлајн купување: Бавна испорака, оштетени пратки – Незадоволни третина од онлајн купувачите!

Проблеми со онлајн купување: Бавна испорака, оштетени пратки – Незадоволни третина од онлајн купувачите!
Kristal

Според истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии, повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација. Во Македонија, овој процент изнесува 29,41%.

Најголеми потешкотии се забележани во Малта (64,0%), Холандија (57,9%) и Луксембург (51,4%), додека најниски се во Португалија (4,5%), Грција (10,6%) и Летонија (13,3%).

Најчестите проблеми кај е-купувачите се:

  • Бавна испорака – речиси една петина (19,9%) се пожалиле на овој проблем.
  • Тешкотии со веб-страницата – 11,5% пријавиле дека страницата била тешка за користење или работела незадоволително.
  • Неточни или оштетени стоки/услуги – 10,4% имале проблеми со примени производи или услуги.

Овие податоци покажуваат дека е-трговијата и понатаму се соочува со значителни предизвици во услугата и логистиката, иако бројот на онлајн купувачи постојано расте.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape