ПРВ.мк
Македонија

ЈАНЕВСКА: Законот за високо образование не се повлекува, професорите имаат две опции!

ЈАНЕВСКА: Законот за високо образование не се повлекува, професорите имаат две опции!
Kristal

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска потврди дека новиот закон за високо образование ќе продолжи во владина процедура и нема да се повлече, и покрај барањата од дел од професорите за доработка.

Таа посочи дека отпорот од дел од академската заедница произлегува од страв дека нема да можат да ги исполнат новите повисоки критериуми. Јаневска нагласи дека законот овозможува флексибилност, но не и отстапки од стандардите за квалитет.

„Мала група професори бараат повлекување на законот. Претпоставувам дека тоа е од страв дека во иднина нема да можат да ги исполнат условите кои законот ги бара. Имаат две можности. Првата е сериозно да се фатат за работа. Втората е да останат во истото звање подолго време, па потоа, кога ќе бидат спремни, да одат во следното звање. Од тука ништо не губат“, изјави Јаневска.

Главната цел на законските измени е подобрување на рејтингот на македонските универзитети и нивно позиционирање на престижната Шангајска листа, а сите конструктивни забелешки од претходните консултации се веќе вметнати во финалниот текст.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape