ПРВ.мк
Македонија

Изградба на пешачка патека долга 1590 метри и чисто корито на река Серава во Бутел 1 е реалност (ФОТО)

Изградба на пешачка патека долга 1590 метри и чисто корито на река Серава во Бутел 1 е реалност (ФОТО)
Kristal

Изградбата на пешачка патека и уредувањето на речното корито на река Серава во Бутел 1 стануваат реалност, како еден од најголемите проекти што Општина Бутел ги реализира заедно со Град Скопје.

Градоначалникот Дарко Костовски информира дека станува збор за проект кој со децении бил ветуван на граѓаните и кој денес, со поддршка од Град Скопје, почнува да се реализира. Заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, беше извршен увид во активностите за чистење на речното корито и изградба на пешачката патека покрај Серава.

Според најавата, делот од коритото се чисти по повеќе од 20 години, а новата пешачка патека ќе биде во должина од 1.590 метри. Во рамки на проектот ќе се постави ново ЛЕД осветлување и клупи, а целиот простор ќе биде дополнително оплеменет со зеленило.

Предвидена е и изградба на нови детски игралишта, со што оваа локација ќе добие нова содржина за семејствата, но и простор за рекреација и спорт.

Заедно со Град Скопје го менуваме ликот на општина Бутел. Ветувањата ги реализираме“, порачува Костовски, најавувајќи дека новиот кеј покрај Серава ќе стане место за прошетки, спорт и дружење за жителите на Бутел 1 и пошироко!

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo