ПРВ.мк
Македонија

Грипот беснее во Велес – Медицинските тимови не можат да постигнат

Грипот беснее во Велес – Медицинските тимови не можат да постигнат
Kristal

Велес веќе четири недели се соочува со силен бран на грип, а ситуацијата достигна врв минатиот викенд.

Д-р Славица Нешова Пановски, портпаролка на Итната медицинска помош, истакна дека бројот на пациенти од сите возрасти се зголемил драстично, создавајќи огромен притисок врз службата, која работи со намален кадар.

Поради тоа што матичните лекари не работат за време на викендот, граѓаните масовно се обраќаат кон Итната помош. Симптомите се тешки: висока температура која не спласнува со денови, силни болки во мускулите и коските, кашлица и општа слабост. Лекарите едвај успеваат да одговорат на сите повици, вклучително и на барањата за домашни посети кај најстарите пациенти.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo