Патувањето на фудбалскиот тим на Монако кон Белгија, каде треба да се соочи со Клуб Бриж во натпревар од Лигата на шампионите, се претвори во вистинска драма. Поради дефект на клима-уредот во авионот, играчите беа принудени да останат во долна облека додека чекаа на пистата, а летот беше на крајот откажан.
Температурата во кабината брзо се искачи, создавајќи неподносливи услови за патување. Играчите на АС Монако се обидувале да се разладат со вадење на дел од облеката, а дел од сцените беа снимени од холандскиот репрезентативец Јордан Тезе и објавени на социјалните мрежи.
Некои фудбалери, видно изнемоштени од топлината, беа забележани полуголи и на пистата по напуштањето на авионот. Поради ситуацијата, тимот се врати назад и ќе мора да патува на самиот ден на натпреварот, што дополнително ја комплицира подготовката за овој важен дуел.
Иако никој не е повреден, ваквите инциденти се сериозен предизвик за професионален спортски колектив, особено кога се подготвуваат за европско натпреварување.
Натпреварот меѓу Монако и Клуб Бриж е закажан за четврток, и покрај доцнењето, очекувањата се дека тимот ќе стигне навреме.