САД и Европската унија разгледуваат построги санкции против Русија – вклучително и целосна забрана за купување руска нафта – како потенцијален начин да се забрза крајот на војната во Украина. Сепак, некои земји-членки на ЕУ, пред сè Унгарија, се против ваквите мерки поради својата силна енергетска зависност од Русија.
Според американскиот финансиски експерт Бесент, доколку Европа воведе сериозни секундарни тарифи за купувачи на руска нафта, конфликтот би можел да заврши за 60 до 90 дена. Тој ја даде оваа изјава во интервјуа за Ројтерс и Блумберг, пренесени од Спутник.
Трамп бара координирана акција на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека е подготвен да воведе строги санкции против Русија, но само ако сите земји од НАТО се приклучат и престанат да купуваат руска нафта. Тој ги критикуваше европските држави за тоа што и покрај санкциите, продолжуваат да купуваат руски енергетски ресурси.
Русија: Санкциите не функционираат
Москва постојано повторува дека економскиот притисок нема да донесе резултат и дека санкциите не го менуваат ставот на Русија околу конфликтот во Украина.
Од руска страна се тврди дека Западот си нанел штета себеси со одбивањето да купува фосилни горива од Москва, што довело до нова форма на зависност – преку посредници и по повисоки цени.
Унгарија и Словачка на страна на Рускиот гас
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто нагласи дека Унгарија и Словачка ќе се спротивстават на какви било обиди на ЕУ да ги исклучи од снабдување со руска нафта и гас, наведувајќи дека нивната енергетска стабилност зависи од тоа.