ПРВ.мк
Македонија

Лишени од слобода двајца германски државјани на Табановце – пронајдена дрога во нивните возила!

Лишени од слобода двајца германски државјани на Табановце – пронајдена дрога во нивните возила!

На 17 септември 2025 година, околу 19:30 часот, на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ги лишиле од слобода две лица – К.С.Г. (40) и Ј.С. (32), и двајцата државјани на Сојузна Република Германија.

При рутинска гранична контрола и преглед на нивните возила, биле пронајдени недозволени супстанци. Во кампер возило марка „Фиат Капрон“ со швајцарски регистарски таблички, управувано од К.С.Г., биле откриени и одземени марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Во друго возило, „Фолксваген Туран“ со германски таблички, управувано од Ј.С., исто така била пронајдена марихуана.

Лицата се приведени и задржани во просториите на СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Escape