ПРВ.мк
Македонија

Нови црвени регистарски таблици на службените возила во Гази Баба за поголема транспарентност!

Нови црвени регистарски таблици на службените возила во Гази Баба за поголема транспарентност!

Во дворот на Општина Гази Баба денеска беа промовирани новите црвени регистарски таблици за службените возила. Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, најавија дека ова е дел од владин проект за јасна идентификација и спречување злоупотреби.

Ова е втор чекор по воведувањето на 24-часовен систем за следење на движењето на општинските возила, што функционира од почетокот на мандатот.

„Заврши времето кога службените возила се користеа како лична сопственост. Нема повеќе носење на возилата дома, ниту возење без оправдана потреба“, истакна Стефковски, кој додаде дека во текот на целиот мандат не го користел службеното возило, давајќи пример на одговорност.

Гази Баба е една од првите општини што ја спроведува оваа мерка, која придонесува за поголема транспарентност и доверба во работата на локалната власт.

Escape