ПРВ.мк
Спорт

(ФОТО) ОВА Е СПОРНАТА КАЦИГА ШТО ГО КРЕНА СВЕТОТ НА НОЗЕ: Поради фотографиите од загинати спортисти, Владислав исклучен од Олимписките игри!

(ФОТО) ОВА Е СПОРНАТА КАЦИГА ШТО ГО КРЕНА СВЕТОТ НА НОЗЕ: Поради фотографиите од загинати спортисти, Владислав исклучен од Олимписките игри!
Kristal

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го исклучи украинскиот натпреварувач во скелетон, Владислав Гераскевич, од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, откако одби да се придржува до правилата за неутралност и изразување ставови за време на спортските настани.

Причината за одлуката е кацигата што Гераскевич сакал да ја носи на патеката – шлем украсен со фотографии од украински спортисти кои загинале во војната меѓу Русија и Украина. И покрај предупредувањето од МОК дека таков симбол не е дозволен за време на натпреварувањето, тој одбил да ја отстрани.

Гераскевич ја нарекол кацигата „шлем на сеќавањето“, истакнувајќи дека загинатите спортисти „заслужуваат да бидат на патеката“.

„Верувам дека имаме целосно право да ја носиме оваа кацига бидејќи е во согласност со правилата. Мислам дека МОК нема доволно црни ленти за да им оддаде почит на сите спортисти“, изјавил тој, откако од организацијата му предложиле наместо тоа да носи црна лента на раката.

На шлемот се наоѓале фотографии од повеќе загинати спортисти, меѓу кои кревачката на тегови Алина Перехудова, боксерот Павло Ишченко, хокеарот Олексеј Логинов, стрелецот Олексеј Хабаров, танчерката Дарија Курдел, спортистот Иван Кононенко и нуркачот Микита Козубенко.

„Некои од нив ми беа пријатели“, кратко изјавил Гераскевич.

Одлуката на МОК предизвика бурни реакции во јавноста и повторно ја отвори дебатата за границата меѓу спортот и политиката, како и за тоа колку спортистите можат јавно да изразуваат лични ставови на најголемата светска спортска сцена.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape