ПРВ.мк
Спорт

Министерот Борко Ристовски ги поздрави македонските каратисти по успехот на ЕП во Лимасол

Министерот Борко Ристовски ги поздрави македонските каратисти по успехот на ЕП во Лимасол
Kristal

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски каратисти, кои со голем успех настапија на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, одржано во Лимасол, Кипар.

На овој европски шампионат најзначаен резултат оствари македонскиот репрезентативец, член на Карате клубот Олимпик, Матеј Белистојаноски, кој го освои златниот медал и титулата европски шампион во категоријата до 67 килограми, У21. Вториот медал за Македонија на ЕП 2026 во Лимасол, го освои младиот и талентиран каратист од Карате клубот Металург, Немања Младеновиќ, кој се закити со сребрен медал во категоријата над 70 килограми.

За успехот што го остварија на европскиот шампионат, овие млади македонски спортисти ќе добијат и финансиска поддршка од Министерството за спорт, соопшти министерот Борко Ристовски.

-Честитки за нашите каратисти за освоените медали. Каратето не е олимписки спорт, но големиот интерес за каратето за нас перетставува успех и пример за тоа во кој правец треба да се движи спортот. Овие двајца млади европски медалисти ќе бидат ставени на специјална програма на финансирање од Министерството за спорт затоа што достојно ја презентираа Македонија на Европско првенство и ги презентираат сите оние вредности за кои е залага Министерството за спорт. Исто така ќе разговараме и за тоа каратето како спорт да добие поголема поддршка затоа што навистина продуцира вредности, продуцира резултати и масовност. Токму ваквите успеси и ваквите деца се показател за тоа дека може да се направат успеси и дека може да се освојуваат европски медали – порача министерот Борко Ристовски

На Европското првенство 2026 во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У21, во силна конкуренција од 1.276 натпреварувачи од 47 држави, Македонија беше претставена со 36 учесници, а најуспешен меѓу нив беше новиот европски шампион, Матеј Белистојаноски

-Ова е мој втор европски медал, прв златен и  горд сум што ја претставуив Македонија бво најдобро светло. Се надевам на уште поголеми резултати во иднина и на медал во сениорска конкуренција - рече златниот медалист од ЕП, Матеј Белистојаноски упатувајќи благодарност за поддршката.

Достојни настапи и нови успеси во иднина вети и младиот каратист Немања Младеновиќ кој од ЕП во Лимасол се врати со сребрен медал и вицешампионска титула во својата категорија.

-Се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобри резултати и ќе ја радуваме Македонија со уште повеќе медали – истакна Немаља Младеновиќ.

Министерството за спорт и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на развојот на младинскиот и врвниот спорт, со цел создавање подобри услови за напредок на македонскиот спорт и за постигнување значајни меѓународни успеси.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape