Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.С. (62) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот, во својство на директор на Јавно-комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево, без знаење и согласност на вработените, на 03.09.2025 извршил уплати на шалтер во експозитура на банка во Делчево на име на две лица – вработени во претпријатието – користејќи нивни лични средства, во износи од 15.374 и 35.535 денари.
Со овие постапки, тој им нанел нематеријална штета на честа и угледот на дватајцата вработени, предизвикувајќи сериозни последици за нивната доверба и сигурност.















