ПРВ.мк
Спорт

Македонската репрезентација вечер ќе ги дознае ривалите во Лигата на Нации

Македонската репрезентација вечер ќе ги дознае ривалите во Лигата на Нации
Kristal

Македонската репрезентација вечер ќе ги дознае ривалите во Лигата на Нации

Вечер од 18:00 часот во Брисел ќе се одржи ждрепката за групите во Лигата на нации за сезоната 2026/2027 година.

Македонската репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир (Шешир Б), заедно со Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои не може да биде извлечена.

Потенцијалните ривали на „црвено-жолтите“ ќе бидат:

  • Прв шешир: Шкотска, Унгарија, Полска и Израел
  • Втор шешир: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина
  • Трет шешир: Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија

Шесте кола ќе се играат од септември до ноември 2026 година, додека четвртфиналните натпревари, плејофот и финалните турнири се планирани за март и јуни 2027 година.

Македонските фудбалски навивачи со нетрпение ја очекуваат ждрепката, надевајќи се на извлекување на ривали со кои „црвено-жолтите“ ќе можат да се борат за висок пласман.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape