ПРВ.мк

ФФМ: Сочувство и молитва за утеха на семејствата на загинатите во големата трагедија

ФФМ: Сочувство и молитва за утеха на семејствата на загинатите во големата трагедија
VERO Banner

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции,

“Фудбалската федерација на Македонија  ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции. Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции.

Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви”, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија, и во објава на социјалната мрежа Инстаграм изрази сочувство и поддршка.

Обединети во тагата!

Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.
Нивниот светол дух ќе живее во нас. 
Нека почиваат во мир”, стои во објавата на Фудбалската федерација на Македонија на социјалната мрежа Инстаграм.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран