ПРВ.мк

Пораз од Словенија и тешка повреда на Марко Митев

Пораз од Словенија и тешка повреда на Марко Митев
VERO Banner

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе пораз од 28-27 на гостувањето во Копер против Словенија, во рамките од четвртото коло од квалификациите за ЕП 2026.

Ова беше дефинитивно најтешкиот меч што нашите ракометари мораа да го играат, ако се земе во предвид страшната трагедија утрово ја погоди цела Македонија, поради што федерацијата побара дуелот во Копер да биде одложен, но беше одбиена од страна на ЕХФ.

За проблемите да бидат уште поголеми, тешка повреда на денешниот меч заработи Марко Митев, кој на носилки го напушти теренот и одличниот бек сигурно го очекува подолга пауза од терените.

Кузмановски со шест гола беше најефикасен во нашиот табор, а по три погодоци постигнаа Пешевски, Лазаревски, Серафимов и Атанасијевиќ, додека голманите Митревски и Галевски имаа по шест успешни интервенции. Најдобри во таборот на Словенија беа Влах со девет и Мливиќ со седум погодоци.

Во преостанатите две средби од овој квалификациски циклус нашите репрезентативци ги очекува гостување во Естонија и домашен дуел со Литвнаија, мечеви на кои сме фаворити за две победи со кои рутински би обезбедиле пласман на ЕП 2026.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран