ПРВ.мк

Доктор Џунејд Адеми со скршено срце раскажува за своите искуства во Кочани

Доктор Џунејд Адеми со скршено срце раскажува за своите искуства во Кочани
VERO Banner

Пишува Доктор Џунејд Адеми

Денес, како лекар во итната помош,се упатив кон болницата во Штип,блиску до градот каде што се случи трагедијата – пожарот во Кочани.Слики што не можат да се опишат со зборови.Болка, тишина и плач што ја потресуваат душата.

Меѓу таа темнина,пренесовме две млади лица–едно момче и една девојка со тешки изгореници, но со очи полни со живот и надеж.Додека ги одржував свесни на пат кон болницата,ми ги раскажаа своите соништа и желби… и таму,срцето ми се скрши.

Во итната служба не сретнаа родители, со солзи и страв во очите,чекајќи вести за своите деца.Еден татко ми се приближи со треперлив глас,прашувајќи за ќерка си, која не можеше да ја најде никаде… и до ден денес не можам да ги опишам тие секунди што ги почувствував.Заедно со еден пријател, еден чесен човек,баравме и ја делевме болката што нè натера да разбереме колку сме мали пред вакви трагедии.

Денес повторно научив дека кога животот тежи и боли,не е важно од каде доаѓаме, што зборуваме или во што веруваме. Важно е да сме еден до друг,да бидеме човечни.

Заедно можеме да ги надминеме и најтешките трагедии.Само кога ќе ги споиме рацете, срцата и силите–ќе бидеме посилни од секоја болка.
#Кочани💔

Извор: zoom.mk

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран