Нејмар доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда ќе мора да го откаже своето учество во предстојните квалификациски натпревари.
„Во последните неколку дена, по повикот од 6 март, медицинскиот тим на бразилската репрезентација, предводен од д-р Родриго Ласмара, ни достави информации за состојбата на сите играчи, особено за Данило, Нејмар и Едерсон. Наместо нив, повикани се Лукас Пери од Лион, Алекс Сандро од Фламенго и Ендрик од Реал Мадрид“, изјави селекторот.
Во претстојниот репрезентативен „прозорец“, Бразилците ги очекуваат два голема натпревари – дуелот со Колумбија, кој ќе се одигра во ноќта меѓу четврток и петок по наше време, и гостувањето на најголемиот ривал Аргентина во Буенос Аирес, во ноќта меѓу 25 и 26 март.