ПРВ.мк
Спорт

ДРАМА ПРЕД МУНДИЈАЛОТ: Иран постави строги услови до ФИФА!

ДРАМА ПРЕД МУНДИЈАЛОТ: Иран постави строги услови до ФИФА!

Иран ќе настапи на претстојното Светско првенство, но ситуацијата околу репрезентацијата станува сè понапната. Иранската фудбалска федерација испрати сериозни барања до ФИФА и организаторите, барајќи посебни гаранции поради политичките и безбедносните ризици.

Според информациите, Техеран инсистирал сите членови на делегацијата без проблем да добијат визи, како и да биде обезбедено целосно почитување на националните симболи и државните обележја за време на турнирот.

Дополнително, Иран побарал зголемени безбедносни мерки на аеродромите, во хотелите и околу стадионите каде што ќе престојува и игра репрезентацијата. Особено чувствително прашање претставуваат лицата со претходно воено минато, што дополнително ја усложнува комуникацијата со американските власти.

ФИФА се наоѓа под голем притисок бидејќи дел од условите зависат од самата организација, а дел од безбедносните и визираните процедури се под контрола на властите во САД.

И покрај тензиите и неизвесноста, засега нема официјални најави дека Иран би можел да се повлече од Мундијалот. Сепак, целата ситуација отвори нови дилеми околу безбедноста и политиката на најголемиот фудбалски спектакл во светот.