ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) ДРАМА НА РОЛАН ГАРОС: Судијка спречи физичка пресметка меѓу тенисери!

(ВИДЕО) ДРАМА НА РОЛАН ГАРОС: Судијка спречи физичка пресметка меѓу тенисери!

На гренслем турнирот Ролан Гарос се случи драматичен момент кој за малку ќе прераснеше во физичка пресметка меѓу двајца тенисери.

Во исклучително напнат меч исполнет со долги поени и пресврти, емоциите кулминираа во петтиот сет од дуелот меѓу Френсис Тиафо и Жаиме Фарија. Во еден момент, тензијата меѓу играчите достигна ниво кога ситуацијата речиси излезе од контрола.

Интервенција мораше да направи српската судијка Маријана Вељовиќ, која брзо реагираше и застана меѓу двајцата тенисери, спречувајќи потенцијален инцидент на теренот.

Мечот беше исклучително неизвесен и исполнет со пресврти, а по повеќечасовна борба, Тиафо успеа да направи голем кам-бек и да извојува победа.

Иако натпреварот заврши без физичка пресметка, драматичните сцени уште еднаш потсетија колку емоции и притисок носи врвниот тенис на најголемите турнири.

ВИДЕО