По завршување на сезоната без освоен трофеј, освен Суперкупот на Европа минатото лето, сите очи во Реал Мадрид сега се насочени кон Светското клупско првенство во САД, кое започна утринава.
Претседателот Флорентино Перез јасно изјави дека сака да ја освои светската титула, а новиот тренер Чаби Алонсо има намера уште на почетокот од својата кариера во клубот да дојде до голем успех.
Перез ветил премија од по еден милион евра за секој играч ако тимот ја освои титулата на СКП во САД.
Ова е голема сума, па Мбапе и останатите фудбалери сигурно ќе дадат се од себе да станат шампиони на првото СКП во ваков формат.