ПРВ.мк

Државата со национални признанија им оддаде почит на спортските легенди

Државата со национални признанија им оддаде почит на спортските легенди

Министерството за спорт и Владата на Република Македонија одржаа свечена церемонија на која им беа доделени Национални признанија на истакнати македонски спортисти кои оставиле длабока трага во спортската историја на нашата земја.

На церемонијата, министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, им ги врачија признанијата на бројни спортски легенди од различни колективни спортови – фудбал, кошарка и ракомет.

Меѓу добитниците се нашите фудбалски великани Горан Пандев, Илија Најдоски и Дарко Панчев, кој не се одзва на поканата за да го прими признанието. 

Наградените спортисти се симбол на посветеност, дисциплина и патриотизам. 

Нивниот успех не само што ја афирмираше Македонија на светската спортска сцена, туку и инспирираше многу генерации млади спортисти да го следат нивниот пат.

Со ова признание, државата им оддава заслужена почит и благодарност за нивниот извонреден придонес кон македонскиот спорт и националниот идентитет.

Сподели го овој напис