ПРВ.мк
Спорт

ЕВРОЛИГА ЕКСПЛОДИРА: Олимпијакос го „скрши“ Реал и стана шампион!

ЕВРОЛИГА ЕКСПЛОДИРА: Олимпијакос го „скрши“ Реал и стана шампион!

Грчкиот гигант Олимпијакос е новиот шампион во кошаркарската Евролига, откако во големото финале го совлада Реал Мадрид со 92:85.

Финалниот меч се одигра во Атина, пред повеќе од 15.000 навивачи, каде што атмосферата беше вистински „експлозивна“, иако теренот беше дом на нивниот ривал Панатинаикос. Олимпијакос успеа да направи голем пресврт во натпреварот, откако во еден момент заостануваше и со двоцифрена разлика.

Со оваа победа, грчкиот тим стигна до четвртата титула во историјата на Евролигата, и тоа прва по пауза од 13 години. Интересно е што токму против Реал Мадрид повторно ја освои титулата, исто како и во претходниот триумф.

За Шпанците, ова е нов болен пораз – остануваат на 12 освоени трофеи од вкупно 21 финале, а последната титула ја имаат од 2018 година.

Најдобар во редовите на победниците беше Еван Фурние со 20 поени, додека Донта Халл придонесе со 16 поени. Кај Реал, најрасположен беше Џанан Муса со 24 поени.