ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) ВОНРЕДНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Полиција и војска ги придружуваа фудбалерите на Иран во Мексико!

(ВИДЕО) ВОНРЕДНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Полиција и војска ги придружуваа фудбалерите на Иран во Мексико!

Фудбалската репрезентација на Иран пристигна во Тихуана, Мексико, каде ќе ги одработи последните подготовки пред почетокот на Светското првенство. Делегацијата допатува со авион од Турција, каде претходно тренираше подолг период.

Она што го привлече вниманието е силното обезбедување при нивното пристигнување. Иранските фудбалери беа пречекани и придружувани од полициски и воени сили, кои организираа засилени безбедносни мерки околу целиот трансфер од аеродромот до хотелот.

Според информациите, ваквото обезбедување било воведено поради зголемените тензии и безбедносни ризици поврзани со состојбата на Блискиот Исток. Конвојот бил строго контролиран, а хотелот каде што се сместени репрезентативците е дополнително обезбеден.

Околу педесет навивачи на Иран ги пречекале своите играчи, но сè се одвивало под строги безбедносни протоколи. Тимот сега се подготвува за настап во групата Г, каде ќе се соочи со Нов Зеланд, Белгија и Египет.

Настапите ќе ги започнат во предградијата на Лос Анџелес, а последниот натпревар од групата ќе го играат во Сиетл.

ВИДЕО