ПРВ.мк
Спорт

Познат ракометар итно заврши на операција поради удар во гениталиите!

Познат ракометар итно заврши на операција поради удар во гениталиите!

Австрискиот ракометен репрезентативец со српско потекло, Немања Белош, доживеал сериозна повреда за време на првенствен натпревар, поради која морал итно да биде опериран.

Белош, кој настапува за австрискиот клуб ХСГ Холдинг Грац, добил силен удар во пределот на гениталиите, по што неговата здравствена состојба наложила итна хируршка интервенција.

Неговиот тим на домашен терен бил поразен од Шпаркасе Швац Хандбал Тирол со резултат 29:31, но спортскиот резултат останал во сенка на сериозната повреда.

„Беше голем шок, за среќа сè помина добро“

Од клубот официјално потврдиле дека ракометарот бил опериран и дека го очекува подолга пауза од спортските активности.

„По силниот удар во гениталиите минатиот петок, Немања Белош вчера мораше итно да биде опериран. Поради тоа, ќе отсуствува од терените на неопределено време“, соопштиле од клубот.

За драматичниот настан зборувал и клупскиот менаџер Михаел Швајгхофер, кој открил дека ситуацијата предизвикала голема загриженост.

„Во неделата мораше да оди на операција. Тоа беше прилично голем шок. За среќа, сè помина добро“, изјавил Швајгхофер.

Белош е роден во Нови Сад, но настапува за австриската ракометна репрезентација, за која досега има забележано 32 настапи и 50 постигнати голови.

Засега не е познато колку точно ќе трае неговото закрепнување, а клубот потврди дека ракометарот ќе биде надвор од терените на неопределено време.